(Фото) Младиот голман на Вардар избегна голема трагедија – Ова е докторот кој му го спаси животот!

0
428

Вчера за малку ќе беше црн ден за македонскиот фудбал. Ќе настрадаше голман на Вардар во пионерска конкуренција, објави порталот СПОРТМЕДИА.

– Многу среќа и присебност на присутните беа доволни да се спаси живото на Кристијан Китановски и тоа на мечот од пионерската лига меѓу домашните Њу Старс и Вардар. Имено во многу груб натпревар, во кое предначеле домашните и со лошо судење на Дејан Младеновски, во еден судир до домашен играч голманот на Вардар паднал во безсознание, пишува порталот.

Голманот загубил свест и речиси бил мртов.

– За среќа тука се бил лекарот на домашните кој имал апаратче за вадење на јазикот и тоа го спасило младиот Китановски, инаку ќе се случило трагедија, пишува порталот.

Благодарение на брзата и присебна реакција на докторот на Њу Старс, тој бил вратен во живот и итно пренесен во болница од каде по детални прегледи е пуштен на домашно лекување.

Докторот кој го спасил младото момче е Јордан Манасиевски, специалист кардиолог кој работи како клупски доктор во Њу Старс, јавува Спортклуб.мк.

jordan-manasievski

Секоја чест докторе!!!!!

 

 

 

 

извор – курир.мк

Коментирај