ФОТО: Мицкоски заигра оро на Велигденската прослава во Црешово

0
423

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заиграл на прослава во Црешово, општина Гази Баба и им го честитал Велигден на мештаните.

Mickoski-oro-Cresevo-2

– Овој ден нека донесе среќа, добро здравје, и биреќет за секое семејство. Жалната вистина за Македонија е дека денес граѓаните живеат лошо, со стегнати срца, со кнедла во грлото. Нема семејство кое не се соочува со сериозни проблеми, некаде е тоа егзистенцијална природа, некогаш тоа е неправда нанесена од системот, а некаде огромното мнозинство на блиски роднини и пријатели се веќе иселени. Имаме ерозија на, не само политичките, туку и општествените морални вредности. И не е тоа системот за кој се бореа нашите предци и тоа не е системот кој ние го посакуваме. Затоа постои разочараност на граѓаните. Но има надеж, мора и може да биде подобро. Посакувам и обединување и надминување на делбите, но не врз основа на тесногради лични интереси, туку темелено на заедничките интереси на Македонија. Бидејќи тоа е нашиот заеднички дом – напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.

Коментирај