ФОТО: Мицкоски на кафе-муабет со младите во Струмица

0
180

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари средба со млади луѓе во Струмица.

„На кафе со младите во Струмица. Денес имав можност да поразговарам со младите луѓе од Струмица. Подеднакво и тие ја споделуваат грижата за случувањата во нашата држава. Невработеноста и безперспективноста се главниот проблем и тоа не само во Струмица, туку и во целата држава. Младите заслужуваат подобар третман и шанса за развој. И Владимир, и Елена, Александра, Љубинка, Ѓорги, Наско, Тимче и сите останати со кои се сретнав кај нив гледам огромен потенцијал и енергија, тие се нашата иднина заеднички да се избориме за подобра Република Македонија“, напиша тој на својот Фејсбук профил.

Оваа средба е дел од најавените интензивни теренски посети низ градовите и селата во Македонија и остварување средби со граѓаните кои имаат изневерени очекувања од владата и, препуштени самите на себе, се соочуваат со секојдневни проблеми.

Според најавената агенда, по средба со младите во Струмица, Мицкоски придружуван од членови на Извршниот комитет ќе го посети Конче и Вељуса, а на крајот од денот ќе одржи и состанок со општинскиот комитет на партијата во Струмица.

„Почитувани членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, денес со почеток од 21:00 часот во просториите на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ќе остварам работен состанок. Се покануваат сите членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ кои сакаат, можат и имаат желба да присуствуват на работниот состанок“, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.

loading...

Коментирај