ФОТО: „Марка“ ги избра иделните 11 – Тим со кој сигурно победуваме

0
197

Најпознатиот спортски весник во Шпанија „Марка“ во овие тешки денови состави идеален тим со кој ја расплака цела држава.

„Марка“ пишува: „Тим со која Шпанија сигурно ќе победи“ е составена од припадници ина службите кои ја одржуваат Шпанија во живот за време на пандемијата.

Шпанија станува сериозно кризно жариште на коронавирусот во Европа. Државата се приближува до бројката од 30.000 заболени, а само во еден ден починаа 394 лица заболени од КОВИД 19.

„Марка“ наместо тим составен со слави фудбалски имиња, состави тим од работници кои деноноќно се борат против коронавирусот.

Роза Мартинез (медицинска сестра), Луз Мартинез (благајничка), Раул Гаљего Ахусо (возач на камион за достава), Октавио Санз (работник на бензиска пумпа), Луис Мартинез Мејиде (војник), Луис Контрерас Аранда (земјоделец), Хуан Сампредо Навас (пожарникар), Анхел Хименез Гонзалез (продавач на весници), Пабло Бареиро (лекар), Серхио Рамос Весино (полицаец), Роберто Фернандез Лопез (чистач на улици).

Извор: Таратур.мк

Коментирај