ФОТО: Македонските навивачи со непријатно изненадување за Вујо во Загреб

0
732

Не е тајна дека словенечкиот селектор Веселин Вујовиќ, како поранешен тренер на Вардар е еден од омилените ликови кај македонската ракометна публика, но пасијата кон овој спорт покажува дека понекогаш може да се погазат и одредени пријателства.

Вујовиќ ќе остане омилен кај македонската публика, иако неговите изјави по вчерашниот меч барем за момент ја нарушија неговата репутација.

Иако од една страна изјави дека Македонија ја заслужила победата на теренот, сепак неговите подоцнежни изјави кои се однесуваат на делењето на правдата, покажува дека тој смета оти Македонија победила благодарение на, како што тој ги нарекува, спорните судиски одлуки.

Токму поради ова, Вујовиќ за момент стана не толку омилен кај македонските ракометни фанови, а дел од нив кои се наоѓаат во Загреб му приредија и едно изненадување, кое за него секако нема да биде пријатно.

Коментирај