ФОТО: Листата на топ 10 најплатени тренери во светот, Мурињо на второ место

0
312

Новиот менаџер на Тотенхем, Жозе Мурињо се позиционира на второто место меѓу најплатените фудбалски тренери во светот.

„Специјалниот“ со годишна плата од 17,5 милиони евра е на второто место и повеќе плата од него добива само Пеп Гвардиола, на кого Манчестер Сити годишно на сметка му префрла 23 милиони евра.

Диего Симеоне од Атлетико Мадрид сега падна на третото место со годишна плата од 15 милиони евра.

Уште поинтересно е дека најпалтената „петка“ ја формираат Рафа Бенитез (Далијан Ифанг – 13,5 милиони) и Фабио Канаваро (Гуангжу Евергранде – 12 милиони). На 6-то место е тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан кој годишно заработува  исто така 12 милиони, па следи Антонио Конте со 11 милиони евра.

Актуелниот европски шампион Јирген Клоп е на 10-то место со годишна плата од 8 милиони евра.

Treneri-pari

Извор: Спортски.мк

Коментирај