ФОТО: Конечно откриена тајната за „малиот Марсовец“

0
722

Со посебни анализи е откриена тајната на костурот долг 30 сантиметри со конусовидна глава , за која се мислело дека е вонземјанин.

Мумифицираниот скелет долг само 30 сантиметри , кој со децении бил чуван в приватна колекција во Шпанија, а бил откриен во рудник во Чиле, сепак е чoвек. Со серија анализи било утврдено дека скелетот му припаѓа на дете со бројни генетски пореметувања.

Научниците утврдиле дека иако има големина на фетус, коските упатуваат на возраст на дете на шест до осум годишна возраст. Зачудува што костурот има неколку ребра повеќе отколку кај човек , а главата е со конусовидна форма.

Костурот кој го носел името ,,Ата “ , според местото каде е најден во регионот Атакама, бил долги години мистерија и се верувало дека му припаѓа на вонземјанин или на одреден вид непознат примат.

Коментирај