ФОТО: Кинезите претставија нови концепти, но ги обвинија за копија на јапонски автомобил

0
600

Новиот кинески автомобилски бренд досега претстави четири сопствени концепт, но еден од нив веќе го прогласија за копија на јапонски автомобил. По неколку дена откако WM Motor ги претстави своите адути, познавачите почнаа да ги споредуваат овие модели со другите автомобили и најдоа копија на новиот Mitsubishi Outlander (односно концептот од 2014 година).

Од фотографиите се гледа дека станува збор за обична модификација на рендерот на Mitsubishi.

Кинеската компанија задржала поголем дел од дизајнот, а не се грижеле ни да ја прикријат копијата. Нивниот новитет има исти тркала, но и имитација на задниот дифузер. Позадината е исто така речиси идентична.

mitsubishi-vs-kineska-kopija

 

Со оглед на тоа дека дел од фирмата е поранешниот шеф на Volvo за Кина, Фримен Шен, зачудува што компанијата се решила на ваков несериозен потег.

Првиот модел на оваа компанија на пазарот треба да се појави во 2018 година, а потоа секоја година ќе претставуваат нов модел. Покрај спорниот SUV модел, кинеската компанија претстави и концепт за моноволуменец, караван и за лимузина.

Коментирај