ФОТО: Искршен автомобилот на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

0
803

Доцна вечерва било искршено задното стакло од автомобилот на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Опозицискиот портпарол на својот Фејсбук профил објави фотографии од искршеното задно стакло на неговиот „Сеат Леон“. Вели дека случајот нема да го пријави во полиција, бидејќи МВР под власт на СДСМ е неспособна да расчисти убиства со години иако за истите извршителите се познати.

Staklo-kola-Dimsa

Неговата објава ја пренесуваме интегрално:

„Ај што сте не знаете и сте неспособни да водите држава, па ни едно стакло на кола не знаете да искршите како што треба.

Сакав да пријавам во Министерство за внатрешни работи, ама кутрите тие не можат да фатат убијци цела година што ги знаат по име, а не пак овие што искршиле стакло.

Ама еве уште еднаш Оливер Спасовски јавно да го повикам да праша по пајташите негови да не е некој од нив, за да дојде каменот да си го земе, му останал внатре, бидејќи ниту со закани, ниту со ова нема да ме замолчите, па најверојатно пак ќе треба да ми ја кршите колата“, напиша Арсовски на Фејсбук.

Коментирај