ФОТО: Ирина Шаек е бремена – Славниот модел го сокри стомачето на ревијата на „Викторија Сикрет“

0
1296

Ирина Шаек ги изненади сите, кога се појави бремена на модната ревија на „Викторија Сикрет“. Убавиот руски топмодел очигледно очекува дете од партнерот Бредли Купер, кое ќе е прво и за двајцата.

irina-shaek-bremena-1

Ирина се обиде да го прикрие стомакот, но будните фотографи успеаја да ѝ ја уловат тајната.

irina-shaek-bremena-2

Всушност модната ревија на топ брендот за долна облека, која се одржа вчера во Париз, беше деби за 30-годишната Шаек.

irina-shaek-bremena-3

Според сајтот E! News запрепастувачката бринета е во второто тримесечје од бременоста и е исклучително возбудена од фактот дека ќе станува мајка. Веројатно и Бредли се возбудува дека ќе станува татко, бидејќи многу пати истакнуваше во интервјуа, дека веќе е подготвен за овој чекор во животот.

irina-shaek-bremena-4 irina-shaek-bremena-5 irina-shaek-bremena-6 irina-shaek-bremena-7 irina-shaek-bremena-8

Ирина и Бредли се заедно година и половина, а живеат главно во Њујорк. Засега двајцата не ја коментираа среќната вест, но се очекува да ја прогласат официјално веста наскоро.

irina-shaek-bredli-kuper

Коментирај