ФОТО: Грчки неонацисти со блокади спречуваат културен настан на Македонците во Лерин

0
1774

Грчки неонацисти попладнево блокираат десетици Македонци од Грција кои сакале да присуствуваат на македонски културен настан во близина на Лерин.

За време на блокадата на која се присутни грчки полициски сили е тензично но засега нема физички контакт меѓу македонците и членовите на неонацистичката партија Златна Зора и други радикални групации, информираат членови на македонски организации од северниот дел на Грција, а информации лиферуваат и македонски организации во дијаспората.

Zlatna-Zora-Lerin-policija
Настанот се организирал во врска со Домот на Македонската култура а инцидентот се случува на патот од Лерин кон селото Пателе каде требало да се одржи културниот настан.

За време на блокадата грчките неонацисти извикувале “победа” и погрдни зборови за Македонците.

Во врска со овој настан, на Фејсбук е споделувана веста, а за истата може да се сретнат следниве коментари: „Еве ви ги пријателите“, „Џабе ли го крстивме автопатот “Пријателство” еве го пријателството.“, „Пандорината кутија ја отворија, сега ќе го јадеме од СИТЕ“, „Добредојдовте во новата Европска Демократија“, „На Заев пријателите“…

Коментирај