(ФОТО) Горан Ангелов живее во нечовечки услови во затворот во Шутка – пие вода кај што врши нужда!

0
5242

Притвореникот за настаните од 27 април, Горан Ангелов, подолго од една година и покрај доброто поведение се наоѓа во затвореното оделение на истражното оделение на затворот во Шутка.

И покрај тоа што ги исполнува сите услови, упорно одбиваат да го тргнат од самицата во која, според тврдењата на нашите извори од Шутка, нема никакви услови за живот.

-Горан повеќе од една година нема видено дневна светлина. Пие вода од чешма која се наоѓа над чучавецот во неговиот таолет. Да, пие вода од истото место од кое пушта вода кога врши нужда, тоа е одвратно и под секое човечко достоинство. – вели изворот на Лидер, кој ни достави и фотографиии од таолетот на Ангелов и местото од каде што пие вода.

Angelov5-525x700

Angelov6-420x700

Единствената прилика Ангелов да почувствува дневна светлина е малото прозорче кое се наоѓа во неговата самица. Но, и него му го затемниле со фолија, па пристап до светлина скоро и да нема.

Angelov7-420x700

Ангелов е татко на 3 деца, до сега не осудуван, а за настаните од 27 април се терети за тероризам, иако според тврдењата на упатените во случајот, не постои никаков доказ дека тој бил дел од насилството кое што се случуваше во собранието.

Тој е ветеран од војната во 2001, кога беше дел од специјалните единици.

Во прилог, фотографии од неговата самица:

Angelov4-420x700

Angelov2-420x700

Angelov3-420x700

Извор:lider.mk

Коментирај