ФОТО: Голема акција во Португалија – Полиција во куќата на Жорге Мендеш

0
277

Португалската полиција изврши претрес на куќата на еден од најпознатите фудбалски менаџери, Жорге Мендеш, пренесуваат тамошните медиуми.

Има сомнение дека Мендеш затајувал данок и перел пари, па полицијата за цел на истрагата направи претрес во неговата куќа со цел да прибере докази.

Исто така покрај куќата на Медеш, извршен е претрес и во просториите на најпознатите клубови, Порто, Бенфика, Спортиг Лисабон, Брага… така што е одземена документација за трансфери кои се под „капата“ на познатиот агент.

Исто така претресени се и куќите на првите луѓе на клубовите, како и големите ѕвезди кои играче за овие клубови како Џексон Мартинез, Макси Переира, Икер Касиљас…

Сите се осомничени дека со фиктивни документи ги намалувале сумите кои клубовите им ги исплаќале и на тој начин избегнувале плаќање на данок за државата од неколку милиони евра.

Полициската акција продолжува, па останува да следиме колку обвиненија и против кого ќе бидат подигнати.

Извор: Спортски.мк

Коментирај