ФОТО: Ганка Цветанова и Сашко Кедев го развеаја македонското знаме во Аргентина

0
390

Македонското знаме се вееше на вториот највисок планински врв во светот. Аконкагва, највисокиот врв во Аргентина, највисок надвор од Азија, го освоија познатиот доктор Сашко Кедев и поранешната министерка за култура Ганка Цветанова.

За Кедев ова е вторпат како го освојува Аконкагва, со висина од 6.962 метри надморска височина. Цветанова, пак, не успеала да се искачи до крај, стигнала само до 6.000 метри надморска височина.

Станува збор за највисокиот врв во западната и јужна хемисфера. Се наоѓа на планинскиот венец Анди, на територијата на денешна Аргентина во близина со чилеанската граница, односно на 15 километри од самата граница.

Фотографиите од нивниот подвиг се објавени на „Фејсбук“.

Коментирај