ФОТО ГАЛЕРИЈА: Рис, лисица, мечка, волк, дива свиња, дивокоза, дива мачка, куна, срна… во НП Маврово

0
659

Националниот парк Маврово е меѓу трите национални паркови во Македонија зазема простор од 73.088 хектари. Како национален парк е прогласен во 1949 година, а во неговите граници се опфатени планините: Кораб, Дешат, југозападните ограноци на Шар Планина, поголем дел од Бистра и северните делови на Крчин. Средишниот дел на националниот парк го зафаќа долината и сливот на реката Радика. Во склопот на националниот парк е и Мавровското вештачко езеро.

Националниот парк Маврово во соработка со Македонското Еколошко Друштво постави фото замки кои во текот на месец февруари и март годинава фотографирале низа животни карактеристични за овој заштитен предел, како што се: рис, лисица, мечка, волк, дива свиња, дивокоза, дива мачка, куна, срна…

„Фотографии од животни во НП Маврово. Фотографиите се снимени преку поставување на „фото замки“ поставени со помош на нашите пријатели од Македонското Еколошко Друштво – МЕД“, стои во Фејсбук објавата на Националниот парк Маврово.

NP-Mavrovo-zivotni-1 NP-Mavrovo-zivotni-28 NP-Mavrovo-zivotni-25 NP-Mavrovo-zivotni-24 NP-Mavrovo-zivotni-23 NP-Mavrovo-zivotni-22 NP-Mavrovo-zivotni-21 NP-Mavrovo-zivotni-20 NP-Mavrovo-zivotni-19 NP-Mavrovo-zivotni-18 NP-Mavrovo-zivotni-17 NP-Mavrovo-zivotni-16 NP-Mavrovo-zivotni-15 NP-Mavrovo-zivotni-14 NP-Mavrovo-zivotni-13 NP-Mavrovo-zivotni-12 NP-Mavrovo-zivotni-11 NP-Mavrovo-zivotni-10 NP-Mavrovo-zivotni-9 NP-Mavrovo-zivotni-8 NP-Mavrovo-zivotni-7 NP-Mavrovo-zivotni-6 NP-Mavrovo-zivotni-5 NP-Mavrovo-zivotni-4 NP-Mavrovo-zivotni-3 NP-Mavrovo-zivotni-2

Инаку, ова не е сѐ што поседува овој наш бисер – фауната на националниот парк Маврово се одликува со значителна разноликост. Таа се состои од 140 видови птици, од кои, позначајни се: сивиот сокол, орелот крстач, суриот (златен) орел, шумскиот ут, големиот був, ливадската еја, степската еја, како и 11 видови водоземци, 12 видови на влечуги и 38 видови цицачи. Од цицачите најважни се: мечката, рисот, дивокозата и дивата мачка…

Коментирај