(Фото) Дали тој е на патот да стане вториот македонец кој ќе заигра во НБА?

0
229

Ни пристигна убава вест, најголемиот македонски кошаркарски талент се пријави на претстојниот НБА драфт 2019!

Станува збор за кошаркарскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ кој моментално е член на шпанскиот клуб Хувентуд од Бадалона.

neno_mira

Инаку, НБА драфтот ќе се одржи на 20 јуни во Њујорк.

Пријавувањето не значи дека Димитријевиќ сигурно ќе се појави на драфтот, а според правилата на НБА тој има можност најдоцна до 29 мај да се откаже доколку го смени мислењето и смета дека нема да има можност да добие договор.

Но ако Димитријевиќ добие нова шанса наредната година кога ќе наполни 22 години ќе биде последната граница за место во НБА лигата на ваков начин.

Единствениот македонски кошаркар кој стигнал да игра во НБА лигата е Перо Антиќ, меѓутоа тој директно потпиша договор со тимот на Атланта Хокс.

Ненад Димитријевиќ последните три години игра во шпанскиот прволигаш Хувентуд.

dimitrijevic

Тој е во лоши односи со раководството на МКФ, а ги пропушти и последните неколку натпревари на репрезентацијата на Македонија.

Му посакуваме многу успех на Ненад…

Коментирај