ФОТО: Беше најдебела жена на светот- Пред ТВ камерите ослабе 194 килограми- вака денес изгледа

0
706

Паулина Потер од Америка била прогласена во 2011 година за најдебела жена на светот. Влегла во Гинисовата книга на рекорди кога имала 292 килограми, но нејзината најголема килажа била 307 килограми.

Успеала да ослабе после операцијата на желудник кога ослабела 194 килограми. За неа луѓето дознале кога се појавила во ТЛЦ емисијата „My 600lb Life“. Гледачите ја следеле нејзината борба и тоа како стигнала до 112 килограми. Било тоа голем успех за неа, но кога камерите се изгасиле повторно се вратила на старите навики.

Кога ТЛЦ направиле нов серијал „My 600lb Life: Where Are They Now?” во кој ги посетувале луѓето кои гостувале кај нив и успеале да ослабат, дошле до Паулина, но таа повеќе немала 112 килограми, туку 132.

Кога имала 300 килограми, самостојно можела да јаде и да се избрише. Едвај се движела, а синот Дилон морал да ? готви и да ја чисти. Говорела дека е заробена во своето тело и се прашувала дали некогаш ќе има нормален живот. Во тоа време храната ја доживувала како врвот на денот.

Признала дека почнала да се прејадува уште како дете, затоа што нејзините родители се развеле. Велела дека мајка и едвај составувала крај со крај и едвај можеле да си приуштат храна.

Кога родителите ? се смириле, парите веќе не претставувале проблем, навиката за прејадување започнала. Рекла дека на 17 години имала 136 килограми, а кога на 29 години го добила синот, имала веќе 226 килограми.

Паулина сега со синот живее во Сакраменто, но нејзината тежина повеќе не е позната, пренесува Дејли Мејл. Сепак, судејќи по фотографиите кои ги објавува на Фејсбук, се чини дека прилично е ослабена.

Извор: kurir.mk

Коментирај