ФОТО: Беше мигрант кој се шверцувал во брод, денес е еден од најзгодните набилдани мажи кој на Инстаграм заработува цело богатство

0
249

Кога почна да објавува фотографии од своето голо истетовирано тело, 28-годишниот Хусеин Балапур стана ѕвезда на Инстаграм под името Јакибој (Yakiboy).

Тетовираниот мускулест маж кој денеска шета по улиците на Сиднеј и има злато на забите, пред само 5 години стигнал со брод во Австралија, бегајќи од тешката политичко-економска ситуација во Иран.

Хусеин инаку е бодибилдер и борач, со многу интересна животна приказна. Тој е бегалец од Иран кој во Австралија дошол со брод, откри неодамна.

-Висок сум 195 сантиметри, зошто да не заработувам на своето тело, рече додавајќи дека за едно снимање зема и по 1500 долари.

Поради неговиот ексцентричен изглед, луѓето често мислат дека дилер на дрога. Иако на Инстаграм делува како неверојатно богат човек, самиот признава дека живее во двособен стан во Сиднеј и дека поседува само неколку скапи работи.

Иако секојдневно добива пораки од обожаватели, истакнува дека е женет и наскоро треба да добие ќерка.

Коментирај