ФОТО: Астон Мартин „Valkyrie“ ќе биде брз колку Формула 1

0
483

На сите им е јасно дека претстојниот болид од Астон Мартин ќе биде брз, многу брз, но дали и колку ќе биде близу Формула 1?

Судејќи по последните информации, неговата брзина ќе биде многу блиску до Формула 1. Дејвид Кинг од Астон Мартин за „Motor1“ изјави дека Valkyrie несомнено ќе биде најбрзиот патнички автомобил на сите времиња.

Како што најавија од компанијата, предвидени се две верзии, патничка и тркачка, а Кинг ги претстави вака: „Дури и патничката верзија во вистински раце ќе биде неверојатно брза на тркачката патека. Тркачката пак, ќе има времетраење на кругот многу блиско до Ф1 болидите“.

А доколку се прашувате како ќе им успее тоа, работата е доста едноставна. Астон Мартин и Ред Бул Рејсинг во реализирањето на овој проект имаат одврзани раце, при тоа не се мисли само од финансиски аспект, туку и според прописите на ФИА (Меѓународната федерација за автомобилизам).

Освен тоа, за разлика од Ф1 болидите со 1,6 турбо V6 хибрид, Valkyre ќе има 6,5 V12 атмосферски бензински мотор во комбинација со електричниот систем на Римац. Дополнителните 300 коњски сили (вкупно околу 1150 коњски сили) би требало да бидат доволни за да ја компензираат дополнителната тежина во однос на тркачкиот болид.

Aston-Martin-Valkyrie-1 Aston-Martin-Valkyrie-2 Aston-Martin-Valkyrie-3 Aston-Martin-Valkyrie-4 Aston-Martin-Valkyrie-5 Aston-Martin-Valkyrie-6 Aston-Martin-Valkyrie-7 Aston-Martin-Valkyrie-8

Коментирај