„Форбс“ ја објави листата: Ова се најбогатите луѓе во светот

0
554

Според листата на „Форбс“, основачот на „Амазон“ Џеф Безос во моментов е најбогатиот човек на светот, а на второто место се наоѓа Бил Гејтс.

Според индексот на милијардери на „Блумберг“, на трето место на најбогати луѓе во светот се наоѓа Ворен Бафет, на четврто Амнасио Ортега, а на петто Марк Цукерберг.

Врз основа на податоците на „Форбс“, најбогати лица по континетите се: Џеф Безос – Северна Америка, Хорхе Леман – Јужна Америка, Амансио Ортега – Европа, Мукеш Амбани – Азија, Алико Данготе – Африка и Џина Ренехарт – Австралија.

Кога станува збор за одделни земји во Европа, најбогатиот човек во Белгија е Алберт Фрере (5,4 милијарди долари), во Португалија е Александер Соарес дос Сантос (2,9 милијарди долари), Гризија – Биджина Иванишвили (4,5 милијарди долари), Холандија – Шарлин де Карваљо (15 милијарди долари), Лихтенштајн – Кристоф Зелер (2,7 милијарди долари), Италија – Марија Франка Фисоло (30,2 милијарди долари), Романија – Јон Циријак (1,3 милијарди долари) и Иван Чренко од Словенија, чие богатство е проценето на 1,2 милијарди долари.

Коментирај