ФК Осогово со понуда до Мурињо: Дојди кај нас!

0
729

Македонскиот третолигаш Осогово од Кочани упрати директна понуда до Португалецот Жозе Мурињо за работа во овој македонски фудбалски клуб.

Жозе Мурињо дојди кај нас! Нема што да загубиш, ние сме шампиони посекако, барем ќе научиш македонски јазик, напишаа од ФК Осогово на Твитер.

FK-Osogovo-Murinjo

Мурињо минатиот викенд со Манчестер Јунајтед загуби кај Ливерпул со 3:1, а тоа ја прели чашата по што следуваше отказ за „Специјалниот“.

На кормилото на Јунајтед, Мурињо беше од 2016 година.

FK-Osogovo-Kocani

Коментирај