Филипче: Во земјава недостасуваат околу 600 лекари

0
607

Според анализите на Министерството за здравство во земјава недостасуваат околу 600 лекари, изјави денеска министерот Венко Филипче. 

Министерот при денешната посета во охридската болница потенцира дека министерството интервенирало со тоа што во текот на минатата година биле вработени 3200 лица од кои најмногу лекари и медицински персонал.

Тој потврди дека ќе се гради најавената поликлиника во Охрид изработена е физибилити студијата останува уште да се избере локацијата додека во Струга се работи на урбанистичкиот план за изградба на нов  современ здравствен објект.

Министерот за здравство, Венко Филипче кој присуствуваше на примопредавањето на амбулатното возило за транспорт преку разговори со менаџерскиот тим се запозна со  проблемите и расположливата опрема и најави дека скапите апарати ќе се набавуваат во една од болниците и ќе бидат ставени на располагање за потребите на пациентите во целиот регион.

Коментирај