Филипче: Новиот клинички центар може да биде готов за четири години

0
150

За изградбата на новиот клинички центар во општина Ѓорче Петров се разгледува можноста да се избере пакет на готов проект со изведба со што тој ќе биде завршен за четири, а не за десет години, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Станува збор за еден модел во кој сакаме да ги обединиме постапките за проект и изведба, на официјална, јавна и тендерска постапка, која не значи јавно-приватно партнерство, туку значи изградба на нов клинички центар од страна на државата со соодветен начин на кредитирање. Размислуваме за овој модел за правење пакет, кој се уште ганализираме дали може да се спроведе согласно нашиот закон за јавни набавки, заради тоа што има огромен број проекти од компании кои имаат големо искуство во изведување болници ширум Европа, изјави Филипче.

Целта за тоа, како што рече, е да се скрате временскиот рок на изведување на клиничкиот центар.
Нашите проценки се доколку одиме на овој начин и доколку тоа го дозволува Законот за јавни набавки, можеме Клиничкиот центар да го имаме завршен за период од четири години. Доколку ги почнеме постапките поединечно, најпрво да тендерираме проект, па понатаму изведба, сигурно целата постапка ќе трае околу 10 години, рече Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање, министерот за здравство појасни дека се уште не се стигнати до фазата финансии и додаде оти на тоа ќе работат наскоро. Додаде дека Банката на централна Европа ќе биде една од можните извори на финансирање.

Филипче појасни дека една од причините зошто ја прекинале изведбата на новиот блок што требаше да биде Клиничкиот центар е заради тоа што, како што рече, тоа било парцијално решение.

– Воопшто не ги опфаќаше ниту хируршките сали, ниту хируршките оддели. Се уште ќе останеа неколку објекти надвор и сметаме дека тоа ќе беше парцијално решение кое можеби сега ќе чинеше поевтино, но на долги патеки многу поскапо за нашите граѓани. Со нов клинички центар ние го решавме овој проблем за следните неколку децении заради тоа што само во една нова болница може да се дадат современи медицински услуги, како што се даваат во сите развиени земји во светот, а нашите граѓани тоа го заслужуваат, потенцира Филипче.

Прашан за локацијата на која во моментов се наоѓа Клиничкиот центар, Филипче рече дека размислуваат за ова и додаде оти сигурно ќе остане некоја болничка дејност што ќе им служи на граѓаните кои живеат во тој дел на градот. Другиот дел од земјишптето, според него може да се искористи и на друг начин, да се продаде.
– Тоа сепак е вредна локација и со тоа можеме да ги вратиме парите, делумно од кредитот со кој ќе се задолжиме, рече Филипче.

Извор:Лидер.мк

Коментирај