Филипче: Ниеден владин функционер не е тестиран, ниту, пак, има индикација дека треба да биде тестиран

0
108

Ниту едно именувано или избрано лице во Владата не е во групата кај кои постои индикација за тестирање за Ковид-19, информира министерот за здравство Венко Филипче.

Досега не сум слушнал дека има некој од именуваните или избрани функционери. Има бројни, многу  институции, а доколку мислите конкретно во Владата, нема лица што се на ниту еден начин во групата на лицата за кои се поставила индикација за тестирање, изјави министерот

Коментирај