Филипче: Нема потреба од воведување полициски час и продолжување на вонредната состојба

0
481

Засега нема потреба од воведување на полициски час. Со засилените контроли на терен и правењето на анкети при кои се одредуваат контактите, кластерите се познати, воедно во Штип се воведе еден вид мерка во која беше донесена одлука конфекциите да се затворат. Забележавме дека и за време на полицискиот час не се почитуваа мерките и имаше голем број на заразени. Сега полицискиот час е модифициран и ја следиме ситуацијата – изјави Филипче.

Тој напомена дека нема потреба од продолжување на вонредната состојба иако состојбата во последните неколку денови е алармантна, а денеска има петмина починати и 175 новозаболени од ковид-19.

Петмина починаа, потврдени 175 новозаболени од ковид-19 од кои 131 се од Скопје

Коментирај