Филипче најави: Пациентите ќе се штитат со маски од загадениот воздух

0
384

Министерот за здравство Венко Филипче кажа дека по анализите ќе набават маски за ризична група на граѓани со цел да се заштитат од загадувањето на воздухот.

– Разгледуваме алтернатива и собираме податоци за тоа која ризична група граѓани може дополнително да се заштити од аерозагадувањето со специјални маски и кога ќе ја имаме таа бројка ќе видиме на кој начин ќе може да ги набавиме и да им ги поделиме. – истакна Филипче, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали има дополнителни мерки за превенција на здравјето на граѓаните.

Тој изрази надеж дека за кратко време ќе заврши анализата, која произлегува од податоците од системот „МојТермин“, врз основа на податоците од матичните лекари.

Извор:lider.mk

Коментирај