Филипче го разреши д-р Зибери – Епидемиологот Стојанов е нов в.д. директор на Центарот за јавно здравје

0
166

Доктор Александар Стојанов, епидемиолог од Центарот за јавно здравје е назначен за нов вршител на должност директор на Центарот, соопшти Министерството за здравство.

Министерството за здравство информира дека е разрешен в.д. директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, д-р Арбен Зибери.

Зибери е разрешен заради пласирање на неточни изјави во јавноста со што директно наштети на угледот на членовите на Комисијата за заразни болести, доведувајќи го во прашање кредибилитетот на здравствените институции во борбата со коронавирусот.

Вчера Д-р Зибери ги повика иселениците да дојдат и да гласаат за Албанец премиер.

Тој на Фејсбук напиша дека укинувањето на протоколите препорачани од Светската здравствена организација односно приложување на негативен тест и14-дневната изолација е направено благодарение на придонесот на ДУИ во здравствените политики на владата.

Добредојдовте иселеници. Родното место ве чека. Сега можете да си дојдете дома без тестови и 14-дневна изолација, благодарение на нашиот придонес во здравствените политики на владата. Јас како член на Комисијата за заразни болести и другите членови помогнавме да се отворат границите и луѓето да се движат слободно без протоколите препорачани од СЗО. Зошто да не, дојдете дома за Албанец премиер“, напиша Зибери на Фејсбук.

Споед него, причината зошто така бурно министерот за здравство Филипче реагирал на неговиот приватно објавен Фејсбук статус, е тоа што неговиот чичко Насер Зибери е кандидат за премиер Албанец.

Директорот на Центарот за јавно здравје д-р Зибери се пофали дека помогнал да се отворат границите и иселениците да дојдат да гласаат за Албанец премиер

Насер Зибери е кандидатот на ДУИ за премиер на Македонија

Коментирај