Филип Талески потпиша за Рајн Некар!

0
375

Рајн Некар Левен и официјално го потврди ангажманот на Филип Талески, кој од летото 2018 ќе се пресели во германскиот клуб.

20-годишниот македонски ракометар има договор со Металург до јуни 2018, а потоа ќе премине во Рајн Некар со кој потпиша до 30 јуни 2021 година.

„Секој млад ракометар сонува да игра во Бундеслигата и во Рајн Некар Левен. Не го одбрав само најдобриот клуб од Германија, туку еден од најдобрите во Европа“, изјави Филип Талески.

Раководството на германскиот клуб изразува воодушевеност што Талески го одбрал токму Рајн Некар Левен за следна станица во кариерата.

„Воодушевени сме што Филип го одбра Рајн Некар Левен. Тој е голем талент и сака следниот чекор во кариерата да го направи со нашиот клуб“, истакна спортскиот директор, Оливер Рогиш.

Извор: Таратур

Коментирај