ФИФА ја одреди казната за Џака и Шаќири!

0
1035

Швајцарските медиуми пренесуваат дека ФИФА само парично ги казнила Џака и Шаќири, па двајцата фудбалери ќе бидат во составот за мечот со Костарика.

Гранит Џака и Џердан Шаќири кои симболизираа орел на мечот со Србија, што беше протолкувано како политичка провокација, поминаа само со парични казни од ФИФА.

Имено Џака и Шаќири се казнети со по 10.000 франци, а нивиот соиграч Лихштајнер со 5.000 за неспортско однесување.

ФИФА покрена дисциплинска постапка против швајцарските фудбалери, кои можат да бидат среќни што избегнаа суспензија.

Извор: sportski.mk

Коментирај