Фејсбук воведува нови подесувања за приватност

0
572

По повод одбележувањето на 28-ми јануари – европскиот Ден на заштита на податоците, Фејсбук ќе лансира нова верзија на својата страница за подесување на приватноста, со која би требало корисниците полесно да разберат како да преземат контрола над своите информации на оваа друштвена мрежа.

Страницата е редизајнирана на основа на повратните информации од корисникот. На Фејсбук постојат 32 водичи на 44 јазици, покривајќи теми како што се управување со приватноста, упатства како да погледнете различни делови од вашиот профил.

Новите подесувања доаѓаат во важен момент кога луѓето се сè повеќе загрижени за својата приватност и сигурност за време на комуникацијата.

Коментирај