Фејсбук воведува 5 нови опции за претстојните празници

0
490
Generated by IJG JPEG Library

Најголемата социјална мрежа Фејсбук започна да воведува низа интересни новости сè со цел да не развесели и забавува во текот на претстојните празници.

За празничниот период кој е пред нас, Фејсбук подготви низа нови и практични опции.

Веројатно, најпрактичната опција помеѓу нив се т.н. дигитални честитки кои може да ги испратите на пријателите и семејството со цел на еден креативен начин да им ги честитате новогодишните и божиќните празници. Нив може да ги украсите со посебни фотографии и пораки, како и новогодишни ѕвезди.

Новите опции воглавно ја користат на различни начини апликацијата „Facebook Camera“, а Фејсбук ќе додаде и посебни стикери и ефекти во живо за одбележување на Нова година и Божиќ.

Во видео четот на апликацијата „Messenger“ од 22-ри декември ќе можете да додавате филтри со Дедо Мраз и Рудолф, како и разнобојни божични елементи.

Од 28-ми декември ќе имате можност да ги видите фотографиите на вашите пријатели во форма на колаж со помош на новото издание на опцијата „Memories“, со чија помош ќе може да фрлите поглед на најважните работи кои им се случиле на вашите пријатели во последните неколку месеци наназад.

За оние кои новогодишната прослава ја чекаат со многу поголем ентузијазм во однос на Божиќ, „Facebook“ ќе додаде посебни ефекти за емитување во живо како што се дигитални наочари и шешири.

Последната новогодишна опција од Фејсбук може да ја очекувате на 4-ти и 5-ти јануари.

Коментирај