Фејсбук и Твитер под притисок поради екстремизам и руска пропаганда

0
514

Американските технолошки гиганти Фејсбук и Твитер мора поагресивно да се борат против екстремизмот и политичките дезинформации доколку сакаат да ги избегнат реакциите на владите, се наведува во извештајот на Светскиот економски форум.

Истражувањето дополнително го зголеми притисокот врз сопствениците на социјалните мрежи да ги тргнат насилните содржини и да ја спречат злоупотребата на руските пропагандисти.

Претставници на тие компании, заедно со Гугл, наредните денови ќе сведочат пред три комитета на американскиот конгрес, во врска со истрагата на руската вмешаност во претседателските избори.

Извештајот на Светскиот економски форум ги предупредува компаниите дека владите, доколку сами не преземат мерки, ќе бидат принудени на акции кои би се протолкувале како ограничување на слободата на изразување.

Коментирај