Фејсбук не следи и кога ќе го напуштиме

0
202

Многумина мислат дека штом го деактивираат својот Фејсбук профил ќе ја повратат приватноста, но всушност компанијата собира податоци за корисниците и покрај тоа што нивните профили се неактивни.

Податоците кои се собираат додека профилот е неактивен и понатаму се испраќаат на Фејсбук, па се поврзуваат со одговарачки кориснички профили без разлика дали се активни или не. Од компанијата велат дека се отстрануваат сите податоци само во случај кога корисниците трајно ќе ги избришат профилите, па деактивацијата не се смета за напуштање на мрежата.

Затоа компанијата собира податоци во случај корисникот повторно да се врати на платформата. Така Фејсбук очекува деактивираните да се вратат и се подготвува со прикажување на реклами да почне веднаш по вклучувањето на профилите.

Како објаснување се нуди тоа што деактивацијата е половина пат до гаснење на профилот, но малку се знае за тоа на кој начин се собираат податоците во тој период. Во правилата за користење деактивацијата се предлага ако дополнителна мерка за безбедност, но собирањето податоци не се споменува. Експертите за приватност укажуваат на тоа дека ваквата пракса би можела сериозно да ги крши правилата за приватност, со оглед на тоа дека повеќето корисници веруваат дека собирањето податоци престанува оној момент кога профилот се деактивира.

И претходно имаше докази за тоа дека Фејсбук ги следи корисниците кои не се логирани на платформата, па дури и оние кои немаат профил. Фејсбук копчето за делење содржини се наоѓа на 275 милиони интернет страници и се користи и за собирање податоци, за да се одреди за која содржина некој корисник е најмногу заинтересиран, пренесува PC Press.

Фејсбук така не може преку пребарувачот прецизно да ги идентификува корисниците кои немаат профили на оваа платформа, па им нуди реклами преку Facebook Audience Network. Тоа не ги спречува да ги следат пребарувачките навики, така социјалната мрежа ги следи и оние кои не се дел од платформата.

Од компанијата велат дека деактивацијата на профилот никогаш не била замислена како заштита од самата компанија туку од другите корисници.

Коментирај