Фејсбук го прогласи денешниов ден за ден на пријателството

0
322

Луѓето во животот ги делиме на познаници, другари од детството, подалечни пријатели и оние најважните – вистинските пријатели. Велат колку повеќе пријатели имате, толку сте побогати.

Но, не е важен само бројот на пријателите, туку и блискоста што постои меѓу вас, искреноста, довербата, топлината… Дури и да се малку на број, ако се вистински, вие сте среќен човек.

Денеска е денот на пријателите. Не официјалниот ден, туку денот што Фејсбук го прогласи за ден на пријателите. Ако имате свој профил на оваа социјална мрежа, сигурно го видовте видеото изработено специјално за вас каде што ве потсетија на некои ваши пријатели, на некои ситуации од минатото што сигурно ве разнежнија и ве вратија на забавните работи што сте ги правеле заедно.

Пријателите се извор на среќа. Тие се тука кога ви е најтешко, ама и кога ви е најубаво. Искористете го денешниот ама и секој нов ден да им дадете до знаење колку ви значат. Направете го тоа со порака, со убав збор, со искрена прегратка кога ќе се видите, со некоја заедничка фотографија, со сеќавање на некоја лудост од детството заради која секогаш се смеете до солзи.

Ајде, побарајте ги сега, веднаш. И договорете некакво дружење за денеска. Не дека не се гледате (скоро) секој ден, но денес нека биде со повод – да го прославите вашето пријателство. Ништо не е поскапоцено од тоа! Љубовите доаѓаат и заминуваат, пријателите остануваат!

 www.hybread.mk

Коментирај