Федерер лесно влезе меѓу осумте најдобри во Париз

0
62

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер успеа да се пласира во четвртфиналето на мастерс-турнирот во Париз, откако за нешто повеќе од еден час со 2-0 во сетови (6-4, 6-3) беше подобар од Фабио Фоњини.

Италијанецот кој е на 14. место на АТП-листата не можеше да му се спротистави на Швајцарецот кој играше доста мирно и немаше грешки, како при сервисот така и при играта. Во првиот сет Федерер направи два брејка, за 2-1 и 4-1, додека во вториот исто така паднаа два, за 3-2 и 6-3, а Федерер ја искористи првата меч-топка.

Во наредната фаза вториот носител на турнирот ќе игра со победникот од средбата меѓу Кевин Андерсон и Кеи Нишикори.

Коментирај