„Фајненшл Тајмс“: Ветото на Макрон е поврзано со фундаменталниот проблем на ЕУ

0
122

Францускиот претседател Емануел Макрон направи „историска грешка“ со ставањето вето на започнување преговори за членство во ЕУ со Македонија и Албанија, но ова противење на Париз во никој случај не е поврзано со конкретната проценка за состојбите во двете земји кандидатки, туку со фундаменталниот политички проблем што Европа не успеа да го реши од 2004 година: зајакнување на нејзините механизми за политичка интеграција, оценува „Фајненшл Тајмс“.

Ставот на Франција е совршено јасен: се додека Европа не ги зајакне механизмите за политичка интеграција, неопходни за напредокот на европската интеграција, не треба да има ново проширување, смета лондонскиот весник.

Според „Фајненшл Тајмс“, Франција би можела да го укине ветото за старт на преговорите со Македонија и Албанија, во замена за прифаќање на нејзиниот предлог – во сферата на надворешната политика и оданочувањето наместо со консензус, одлуките да се носат со квалификувано мнозинство.

Ако биде прифатено ваквото барање на Франција, според весникот, повеќе не би имало причина да се одлага процесот на проширување на ЕУ.

Коментирај