Ф’стаци- здрави и вкусни!

0
218

Јаткастите плодови како бадемите, ф`стаците, оревите и индиските оревчиња се здрава храна по која секогаш треба да посегнувате наместо по чипс, смоки и други грицки. Ф`стаците освен што се супер вкусни, тие се полни со благодети за нашето тело…

Консумирањето на ф’стаци за само неколку дена го намалува лошиот холестерол до 20 проценти, за што е одговорно токму големото количество на антиоксидансот лутеин, со кој овој плод изобилува.

Ф’стаците се рекордери меѓу јаткастите плодови според количеството антиоксиданси кои се клучни за обновата на клетките. Многумина поради ова го нарекуваат природен ботокс! Се препорачува консумација на 5 до 10 ф’стаци дневно во борба против брчки.

Јадејќи ги фстаците се намалуваат шансите за настанување на дијабетес тип 2. Во една шолја фстаци се наоѓа дури 60% препорачани дневни дози на фосфор. Освен што овој минерал ги крши протеините во амино киселини, фосфорот ја подобрува толеранцијата на гликозата.

Здравиот имунолошки систем бара адекватна доза на витамин Б6, кој во фстаците го има многу. Витаминот Б6 (пиридоксин) е еден од осумте Б витамини кои на телото му помагаат да ја претвори храната во енергија. Дефицитот на витаминот Б6 е редок и се манифестира како слабост во мускулите, нервоза, депресија, слаба концентрација и губење на краткорочното помнење.

Витаминот Е штити од одредени видови на рак, а фстаците обилуваат со гама – токоферол ( видот на витамин Е) кој може да го намали ризикот од развивање на ракот на белите дробови дури за 30%. 68 грама фстаци дневно е извонредна превентива од малигните заболувања. А со оглед на тоа дека се одличен извор на влакна, пресудни се во забрзувањето на метаболизмот и така ги намалуваат шансите за настанување на ракот на дебелото црево.

Ф`стаците ја зголемуваат и сексуалната моќ на мажите дури за 51 процент, ако се консумираат секојдневно, а за тоа одговорни се есенцијалните масни киселини. Тие помагаат при производство на сексуални хормони и го зголемуваат дотокот на крв во гениталиите.

Во споредба со останатите јаткасти плодови, фстаците содржат поголема количина на протеини, а пак, застапеноста на масти кај нив е на најниско ниво.

loading...

Коментирај