Евровизиски скандал: Хрватската песна потсетува на нумера од „Фроузен“

0
333

Кон крајот на минтата недела Хрватска ја промовираше песната што ќе ја претставува земјата на овогодшниот Избор за песна на Евровизија, што ќе се одржи во мај во Киев.

Станува збор за нумерата „My Friend“ во изведба на популарниот хрватски пејач Жак Худек.

Меѓутоа, како што јави загрепскиот портал Индекс, веднаш по промоцијата на песната, многумина корисници на социјалните мрежи почнаа да коментираат дека нуемара „им е позната од некаде“ и дека „веќе ја слушнале“.

Некои корисници на социјалните мрежи сметаат дека песната „My Friend“ на Худек „многу потсетува“ и е „евидентно слична“ со нумера од анимираниот филм „Фроузен“ на „Дизни“.

Коментирај