Европскиот првак падна во „Јане Сандански“, Вардар во осминафиналето ќе игра со ППД Загреб

0
303

Македонскиот ракометен првак Вардар со триумф стави точка на групната фаза од Лигата на шампионите, откако на домашен терен го совлада актуелниот европски првак Монпелје со убедливи 33:27.

Вардар го надигра францускиот тим и уште од стартот прикажа доминација и убедлива игра против европскиот првак. Голем малер за тренерот Парондо беше повредата на Кристијан Дисингер уште на стартот од мечот, но тоа не се покажа како проблем за нашиот гигант.

Вардар со деветтата победа сезонава во групната фаза заврши како третопласиран во групата и со тоа ќе се соочи со шестопласираниот тим од групата Б во осминафиналето, а тоа најверојатно ќе биде ППД Загреб.

Вардар уште од самиот старт тргна фуриозно, како во нападот, така и во одбраната. Монпелје не можеше шест минути да постигне гол, а од другата страна Вардар водеше со 7:1, а потоа поведе и со 9:3. По ова следуваше највисоката предност на Вардар од 10:3, односно 11:4, по што Монпелје побара тајм-аут, па Французите успеаја да се вратат во игра. Гостите успеаја да влезат во серија па намалија на 13:10, а со разликата од три гола се замина и на полувремето (16:13).

Вардар ја одржуваше разликата од три гола разлика, по што повторно започна со фуриозен напад. Стоилов постигна два гола, Карачиќ и Кристопанс стрелаа по еднаш, по што се врати високата предност од 26:20 и со тоа избраниците на Парондо влегоа во мирен финиш и натпреварот го сведоа на рутинска завршница.

Кристопанс беше најефикасен кај Вардар со седум гола, следуваше Карачиќ со шест и Чупиќ со пет гола. Дејан Милосављев собра 13 одбрани.

Извор:Курир

Коментирај