ЕВЕ ШТО ПИШУВАЛО ВО НЕКРОЛОЗИТЕ ЗА ЈАНЕ САНДАНСКИ: Вие неуморни војници за слободата на потиснатиот македонски народ…

0
11035

НЕКРОЛОГ

Знаменитиот пирински херој, творецот на Пиринската тајна школа, водачот на бившиот Серски револуционерен округ во царството на султанот

Ј А Н Е   С А Н Д А Н С К И

не е веќе меѓу живите. Куршумот на предавничката рака, рожба на крадливиот патриотизам, го пронижа гордото чело на херојот великан, во тајната месност на Пирин, „Баба“, на 10 април.

Маченици, чеда на поделена Македонија,

Граѓани на онеправдана Бугарија и вие неуморни војници за слободата на потиснатиот македонски народ, саканото чедо на Пирин, загина.

Заплачете вие граѓани на Серско, вие селани од колибите на Мелничко, ученици верни на бесмртиот „старик“ – бидејќи тој ги склопи очите и нема да ве види веќе никогаш… Затажи и ти Пирин, зашто гордата нога на Јане веќе нема да стапне… Тажи ти Пирине, отвори ги мајчинските недра за да ги примиш останките на тој крилат син на многустрадална Македонија. Ти величествен Пирине кој беше сведок на 20-годишната гигантска борба на јунакот против врховниот тиранин на стамболските сатрапи.

Се поклонуваме пред пресниот ти гроб, Јане Сандански! Оди далеку во вечноста. И кажи им на Гоце, на Китановци, на Крсто Асенов, на Сава Михајлов, на Андреа Динков, дека делото на кое му служевне не е довршено… Македонија е разграбена – а мојот завет на живите ми другари е да ја бранат нашата мисла со пожестока енергија, за да го избркаме сето туѓо, од каде и да е…

ВЕЧНА ТИ ПАМЕТ „СТАРИК“
Од благодарната Џумајска

Teloto-na-Jane-Sandanski

Во друг некролог на Сандански го пишува следното:

Легендарниот војвода Јане И. Сандански
“Старикот”, “Пиринскиот Цар”

Роден во 1874 во село Страхи, мелничка околија, по 20 години неуморна борба за ослободителното дело за македонскиот роб, падна убиен на 10 Април, 1915, на месноста Баба, на Пирин, од злобната рака на Бугари

IMG_20190411_035050_863

Коментирај