Еве како криумчарите се обидуваат да ја сокријат дрогата од полицијата (ФОТО+ВИДЕО)

0
108

Освен во храна и мртви риби, криумчарите на дрога се обидуваат дрогата да ја пренесат сокриена во технички апарати, мобилни телефони, патики…

Секоја година трговците на дрога „заработуваат“ милијарди долари со продажба на наркотици ширум светот, а колку и властите се трудат да ги сузбијат овие нарко канали, се чини дека шверцерите постојано наоѓаат нови начини за криумчарење.

Последниот, во низата бизарни случаи на криумчарење, е забележан неодамна кога полицијата пронашла повеќе од 700 килограми кокаин во замрзнати коцки сок од портокал.

Пред помалку од еден месец, шпанската полиција пронашла 67 килограми дрога сокриена во ананас кој стигнал од Костарика.

Исто така, на почетокот од оваа година, шпанската во соработка со португалската полиција, во ананас од Јужна Америка открила 745 килограми кокаин.

Дека Шпанија е една од главните точки преку кои наркотиците од Јужна Америка пристигнуваат во Европа, докажува и заплената од април годината, кога меѓу 1.800 кутии банани, откриени беа речиси 9 тони кокаин.

Ова беше една од најголемите заплени кои некогаш ги извела полицијата во Шпанија, а воедно и најголема количина на дрога која била пронајдена во еден бродски контејнер во Европа.

Контејнерот го увезувала колумбијска полиција, а познато е дека Колумбија е најголем производител на банани во светот, како што е и со наркотиците. Исто така, многу често се случува дрогата да биде спасувана на начин само да потсетува на вистинско овошје или зеленчук.

Освен во ананас и банани, дрогата често се криумчари и во лимети, пиперки, краставици, моркови, но и крофни и риби.

Во август 2016 година, американските граничари откриле над 4.000 килограми марихуана сокриени меѓу лимета, а само еден месец подоцна, околу 200 килограми друг вид на дрога била најдена во лути пиперки и краставици.

Ниту познатиот Ел Чапо, на кого треба да му се суди во Америка, не одолеал на криењето на дрога во храна.

Медиумите во 2012 година, пишуваа дека Ел Чапо своеремено отворил фабрика за пакување на конзервирана храна, а во конзервите во кои наводно се наоѓала лутата „халапењо“ пиперка работниците пакувале кокаин. По вакумирањето, конзервите завршувале во мексиканските маркети во Калифорнија.

Во еден случај, според судот со Сан Диего, на граница биле запленети 1.400 кутии конзервирана пиперка во кои биле сокриени повеќе стотина килограми кокаин.

Дека на криумчарите не им недостасува инспирација, се увериле и агентите од Тексас во јануари 2016 година, кога откриле над еден тон марихуана, спакувана во портокалова лента, за товарот што подобро да се сокрие во пакети полни со моркови. Вредноста на пронајдената дрога била проценета на половина милион долари.

Во февруари 2014 година, само неколку дена пред Ел Чапо да биде уапсен по втор пат, е пријавено дека властите во главниот град на државата Синалоа, заплениле повеќе од 4.000 краставици и други растенија полнети со кокаин.

Во Аризона запленет е товар со марихуана која била спакувана во зелена и жолта лента за да личи на лубеница.

Во декември 2016 година полицијата во Чикаго во домати открила 54 килограми кокаин чија вредност била проценета на речиси 7 милиони долари.

Се чини дека службениците во Америка и Мексико најчесто наидуваат на нови видови пакувања на дрогата, бидејќи токму истите пронашле наркотични средства во сосови, тортиљи…

Мексиканските маринци во кули 2016 година заплениле над 1 тон кокаин сокриен во контејнери со сос од домати.

Кон крајот на 2014 и почетокот на 2015 година, мексиканските војници конфискувале пакети со крофни кои наместо со шеќер во прав, биле наросени со кокаин.

Властите во Сан Андрес во Колумбија, позната туристичка дестинација, кон крајот на 2013 година пронашле речиси еден килограм кокаин сокриен во 12 крофни, а други колачи полнети со амфетамини.

Во 2009 година, мексиканските маринци со пратка со замрзната ајкула откриле пакети кокаин.

Покрај во храна и разни технички апарати, криумчарите ги користат и луѓето за транспорт кои во своите тела имаат неколку пакетчиња дрога, што пак претставува огромен ризик.

Доказ за тоа е 24 годишен Бразилец, кој на лет од Лисабон за Даблин, најпрво се онесвестил, а подоцна и починал поради 80 пакетчиња кокаин кои ги пренесувал во своето тело

Коментирај