Evanescence и Guano Apes во Бугарија!

0
632

Evanescence и Guano Apes ќе учествуваат на фестивалот Hills of Rock, кој ќе се одржи на 30 јуни и 1 јули во Пловдив, Република Бугарија, соопштија организаторите од Sofia Music Enterprises. Фестивалот се одржува секоја година и ќе се вклучи во рамките на иницијативата Пловдив – Европска престолнина на културата.

На фестивалот се очекува да земат учество над 30 уметници и групи. Заедно со светските ѕвезди, ќе учествуваат и познати балкански имиња.

Покрај Evanescence и Guano Apes на Hills of Rock ќе учествуваат уште и британската рок група Raven Eye и метал група Imminence од Шведска.

Ограничена количина на промо билети за целиот фестивал по цена од 40 евра веќе се во продажба онлајн на Eventim.bg и TicketPro.bg
До стартот на фестивалот цените за билетите ќе се зголемуваат во неколку фази.

loading...

Коментирај