ЕУ го осуди инцидентот во Шутка: Да се спроведе истрага, а одговорните да понесат последици

0
316

Делегацијата на ЕУ остро го осуди инцидентот што се случи вчера во затворот во Шуто Оризари во кој физички беа нападнати екс-министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовки и бара да се спроведе истрага, а одговорните за него да понесат последици.

Делегацијата на ЕУ остро осудува каква било форма на нacилство и изразува загриженост за инцидентот што се случи во затворот во Шутка. Очекуваме истрага за овој инцидент и да се сносат последици, стои во пишаната изјава на Делегацијата на ЕУ во врска со инцидентот во затворот во Шутка.

Што се однесува до cyдските постапки во однос на инцидентите од 27 април, од Делегацијата наведуваат дека нема да ги коментираат.

Генерално, очекуваме cyдските институции да ја вршат својата работа професионално и независно, се посочува во изјавата на Делегацијата на ЕУ во земјава.

Коментирај