Ердоган го нарече Нетанјаху терорист

0
516

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во неделата го нарече израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху терорист поради конфликтот кој се случи во петокот на границата помеѓу појасот Газа и Изреал.

“Еј, Нетанјаху! Ти си окупатор на оваа земја а истовремено и терорист. Она што го правиш на Палестинците ќе биде запишано во историјата, а тоа ние нема никогаш да го заборавиме”, изјави Ердоган во Адана.

Илјадници палестинци се собраа во петокот во име на палестинските бегалци, кога дојде до конфликт со израелската војска, притоа се убиени 16 палестинци а повеќе од 1400 се повредени, пренесуваат светските агенции.

 

Коментирај