Емилија Гелева со отворено писмо до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

0
12228

Поранешната новинарката на МРТ и аналитичар, Емилија Гелева упати отворено писмо до Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Содржината на писмото ја пренесувама интегрално:

Вчерашниот ваш прв јавен настап е токму навреме. Покажавте човечка и политичка искреност и ни кажавте дека стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ е всушност стратегија што зависи од уцената на глодурот од Кале и од малите сдс-овски глодурчиња кои се изживуваат со животите на 36 македонски патриоти, држејќи ги во незаконски притвор, и користејќи ги како заложници за реализирање на злоделата што сакаат да ги направат против државата Република Македонија. За сите важни прашања одговоривте дека сега не можете да одговорите и дека многу скоро ќе дадете одговор за тоа што и како понатаму ќе постапува ВМРО-ДПМНЕ, во однос на враќање во Парламентот, а со тоа и во однос на договорот со Бугарија, законот за албански јазик и прашањето за името на Македонија.

Патем, не информиравте дека денеска Кривичниот суд на отворено заседание ќе одлучувал за жалбите на дел од притворените и за прекин на притворот. Значи, многу искрено ни кажавте дека стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ е базирана на уцена а не на стручни и демократски параметри. Се разбира, искусен политичар тоа немаше да си го дозволи туку ќе измислуваше округли одговори и всушност ќе лажеше. Затоа ви честитам и благодарам на искреноста. Сепак, г. Мицкоски со таква уценета стратегија нема далеку да се стигне. Поучени сме доволно што ни се случи и до каде стигнавме со уцените преку ткн. бомби. Тоа е губитничка стратегија, г. Мицкоски, а ниту вие ниту партијата немате ни време ни луксуз да експериментирате и да се надевате дека со подлегнување на уцените на глодурите ќе успеете да ја пресвртите во добитничка стратегија. Тоа е само загарантиран неуспех и губење на државата Македонија.

Значи, еве ја стратегијата што рековте дека допрва ќе ја соопштите: дел од притворените Кривичниот суд ќе ги ослободи од притвор, ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати во Парламентот и со конструктивно однесување ќе им даде легитимитет на сите сдс-овски злодела против Македонија. Премногу е очигледно дека глодурите само тоа го сакаат – ВМРО ДПМНЕ да учествува во нивниот вампирски пир и со сила ве тераат да го направите тоа. Затоа г. Мицкоски единствена излезна стратегија за вас, Партијата и за македонскиот народ е по никаква цена да не го направите тоа, односно да не се вратите во Парламентот. Оставете ги сами да се крчкаат во одвратната каша што ја готват.

Инаку, за срамното хунтистичко притворање на невини луѓе и со измислици за тероризам требаше и треба да се анимираат важните светски медиуми, само на темата притворање на врвни уметници, интелектуалци, парламентарци итн. Зошто досега тоа не го направи партиската ПР служба? Ниту еден светски медиум не напиша што всушност е направено. Не е сеедно кога на светот ќе му се каже што точно и каква диктатура постои овде и дека судиите се само обични злосторници кои подлегнуваат на уцени, и политички закани и притисоци. Не е сеедно кога тоа светските медиуми ќе го објават. Се разбира, едновремено и со правни механизми треба да се анимираат сите релевантни институции во ЕУ и во светот.

Имате само две можности: “да легнете на брашното” како “уценет” или да покажете стратегија на херој. Без вас во Парламентот, ќе мора да дојде до предвремени избори. И отсуството од Парламентот е демократски механизам за покажување несогласување. Конструктивно однесување ДА ама во нормален парламент и нормална држава каде што се носат нормални одлуки и закони, а не во ваква шизофренична ситуација што ја создадоа и ни ја наметнуваат глодурите.

Затоа, г.Мицкоски вашата стратегија мора да биде стратегија на ОДБРАНА на интересите на македонскиот народ и на македонската држава. Само така ќе го задржите народот со себе и со ВМРО-ДПМНЕ и ќе дојдете до победа. Само со стратегија на храбар и вистински отпор ќе може да се ослободиме себе си и оваа заробена држава.

Сите мои молитви ќе бидат насочени Господ да ви даде сила и ум во овие тешки времиња.

Со почит,
Емилија Гелева

Коментирај