Емери: Нејмар имаше потенцијал да ги замени Меси и Роналдо

0
179

Шпанскиот фудбалски стратег Унаи Емери во ПСЖ имаше прилика да соработува со бразилецот Нејмар де Силва Сантос Јуниор, попознат како Нејмар.

За Нејмар од поодамна се предвидува дека може да го застане на самиот врв во светскиот фудбал, кој се уште им припаѓа на Меси и Нејмар. Сепак, ако го прашате Емери, на Бразилецот му недостасува фокус.

„Нејмар имаше потенцијал да ги наследи Меси и Роналдо како најдобар на светот, само да се фокусираше единствено на фудбалот.“ – изјави Емери.

Веќе некое време се шпекулира дека Нејмар може да се врати во Барселона, а Емери, кој денеска работи во Севиља, посакува тоа да се случи.

„Сега кога сум во Шпанија сакам да ги видам најдобрите играчи тука. Посакувам Меси да остане, Роналдо да не заминеше, а Нејмар да се врати. Кога ги имаме најдобрите играчи во нашата лига тоа не прави подобри.“ – додаде Емери.

Извор: Спортски.мк

Коментирај