Еманеул Макрон е нов претседател на Франција, рекордно ниска излезност на изборите

0
633

Центристот Еманеул Макрон е избран за нов претседател на Франција, откако според првите проекции на изборните резултати од денешниот втор круг од претседателските избори, тој добил 62,5 отсто од гласовите, јави дописникот на МИА од Париз.

Марин Ле Пен од екстремно десниот Националниот Фронт освоила 34,9 отстo од гласовите, што претставува многу подобар резултат од тој на нејзиниот татко Жан Мари Ле Пен на изборите во 2002 година, кога како противкаондидат на Жак Ширак освои само 17,79 проценти од гласовите.

Излезеноста на гласачките места на денешното гласање, според првите проценки, е 74,7 отсто, што е помалку во споредба со 2012 година кога во вториот круг гласаа 80,35 проценти од гласачите.

Ова е рекордно ниско учество на едни претседателски избори во Франција од 1969 година.

Се претпоставува дека бројот на неважечки и празни ливчиња е исто така голем, што само сведочи за отфрлањето на двајцата кандидати од добар дел од француските гласачи.

Триест и деветгодишниот Макрон со денешнити избори станува најмладиот претседател на Франција, осми по ред шеф на Петтата Француска Република.

Ова се први претседателски избори што се одржуваа во услови на вонредна состојба поради терористичките напади од 13 ноември 2015 година и на нив првпат во вториот круг не се најде ниту еден кандидат од двете водечки политички партии – социјалистите и републиканците, кои се менуваа на власт во Франција во последниве триесет години.

Коментирај