ЕЛЕМ е следниот бонбона-бизнис на СДСМ: Граѓаните ќе плаќаат повисоки сметки за струја ако се либерализира пазарот

0
433

Се повеќе се зборува дека наместо поевтина струја граѓаните ќе плаќаат можеби и за 50 проценти поскапа струја. Со либерализацијата на пазарот на електрична енергија која планира да ја воведе владата на СДС, сметките на граѓаните за електрична енергија ќе се зголемат за најмалку 20%.

Од ВМРО-ДПМНЕ уште пред две недели обвинија дека брзајќи што поскоро да дојдат до поголем профит, бизнис лобито на СДСМ, не размислуваат за граѓаните кои осиромашуваат. Според нив СДСМ не води грижа за тоа како граѓаните ќе врзуваат крај со крај и како ќе ги плаќаат идните поскапи сметки за електрична енергија.

-Според информациите, за новиот закон за енергетика кој е меѓу приоритетните на оваа влада, се предвидува целосна либерализација на пазарот на електрична енергија, со што регулаторната комисија за енергетика ќе нема моќ да ја регулира цената. Тоа ќе направи цената да ја регулираат поголемите копании кои се заминаваат со трговија на електрична енергија во земјава. Народот е загрижен дека се повторува сценариото за продажбата на ЕСМ кое беше најавено како бонбона бизнис, а се што им донесе беа поскапи сметки за електрична енергија. Горчливиот вкус на бонбона бизнисот граѓаните го чувствуваат со години, изјави Елизабета Гиовска.

Инаку последните информации говорат дека сериозно се разгледувала можноста и за продажба на ЕЛЕМ, што секако ќе доведе до уште поголемо поскапување на струјата, што би можело да дојде и до 50 проценти, што секако директно ќе се одрази врз џебот на граѓаните на Македонија.

Според досегашни примери, секогаш после донесувањето одлука за либерализација на пазарот на електрична енергија или продажба на компании како што е ЕЛЕМ, неминовно доаѓа до големо покачување на сметките на струја. Приватните компании во желба за поголем профит не размислуваат на финансиите на луѓето.

Евентуалната продажба на ЕЛЕМ неминовно ќе доведе до поскапување на струјата за најмалку 15 осто, а поскапувањето може да дојде и до 30 осто. Не се исклучува можноста да се иксачи дури и до 50 осто поскапување на струјата. Тоа значи дека ако сега граѓаните плаќаат месечна сметка за струја од 3.000 денари, со поскапувањето сметката ќе биде речиси 5.000 денари.

Граѓаните се плашат дека со продажбата на ЕЛЕМ, ќе се повтори ситуацијата како со продажбата на ЕСМ, бомбона бизнисот на Радмила Шеќеринска, која доведе до зголемување на сметките за електрична енергија за граѓаните.

Иако ЕЛЕМ вчера ги демантираше информациите дека се размислува за продажба, сепак лица поупатени во оваа тематика, велат дека советникот на Зоран Заев, поранешниот директор на српското електростопанство, Александар Обрадовиќ, кој после себе во ЕПС остави вистински и финансиски и организациски хаос, сериозно заговарал продажба на ЕЛЕМ.

Граѓаните се разочарани што како што велат тие уште еднаш биле излажани од страна на СДСМ дека ќе плаќаат поевтина електрична енергија, а за некое време најверојатно ќе имаат далеку повисоки сметки. Доколку покрај либерализацијата на пазарот дојде и до продажба на ЕЛЕМ сметките за струја како што пишавме може да пораснат и до 50 проценти, што значи дека доколку во моментов плаќате сметка од 3000 денари, вашата сметка во иднина би била 5000 денари.

Коментирај