Електронската пошта заминува во историјата

0
426

Дневно, примаме голем број на електронски пораки и тешко е да ги прочитаме сите со внимание. Во последно време, поради брзата и ефикасна комуникација сè почесто се користат алтернативни начини за комуникација наместо класичните меилови.

Токму затоа, експертите предвидуваат дека до 2020-та година, електронската пошта каква што ја знаеме денес, во целост ќе исчезне. Ќе биде заменета од таканаречените хибриди е – меилови и разни сервиси за чат.

Последниве години се забележува тренд на раст на апликациите кои ги заменуваат класичните начини за електронска комуникација. Наместо преку електронска пошта, се почесто комуницираме преку Viber, Messenger или WhatsApp, а за размена на фотографии тука се Instagram или Snapchat.

Една од најпознатите компании во светот, Uber од опцијата за контакт на веб страната го тргна меилот. Наместо читање и одговорање на електронски пораки, цела корисничка поддршка се одвива преку посебна апликација. Во Кина и Индија, на пример се повеќе корисници го употребуваат сервисот за комуникација WeChat.

87

Сè поактуелни во комуникацијата стануваат и чатботовите, а експертите се согласни дека тоа е најдобрата функција на вештачката интелигенција. Чатботовите задолжени за корисничка поддршка никогаш не се нервозни, не може да се уморат и не треба да седат и да листаат илјадници е-меил пораки за да одговарат на многубројните прашања од корисниците.

Последниот доказ дека електронска пошта изумира е тоа дека во последно време луѓето преферираат да комуницираат со соработниците преку Twitter или Linkedin.

Коментирај