Ел Чека се огласи со нови бомби, но и предупредувачки пораки на адреса на Заев

0
317

Ел Чека објави нови бомби на „Фејсбук“. Тој побара од Заев да внимава на затворениците од случајот „Диво насеље“ бидејќи имал сознанија дека нешто им се подготвува.

Чека испрати и ултиматум до Заев да отвори меѓународна истрага за кумановските настани во рок од 62 дена или во спротивно ќе го објавел разговорот за како што пишува, монтираниот случај „Сопот“.

Тој објави пет нови снимени разговори, меѓу кои како што тврди е гласот на Ахмети и останати високи функционери на ДУИ.

Ел Чека бомбите ги објавува од Чикаго, за кои, тврди дека му ги испраќаат осуденици од македонските затвори.

Извор:Република

Коментирај